Со многубројна публика, одлична музика и преполни штандови, Прилеп ја отвори првата фестивалска вечер на 23то издание на Пиво Фестивалот 2026.
Илјадници посетители од целата држава и од странство уживаа во атмосферата што уште од првите часови го исполни центарот на градот.
Фестивалот уште еднаш покажа зошто со години е еден од најпрепознатливите летни настани во Македонија. Добрата организација, богатата гастрономска понуда, ладното пиво и музичката програма создадоа вистински празник за сите генерацииинезаборавна прва вечер, кој во еден момент се претвори “ѕвездено небо’ од илијадни телефони во подигнатите раце на посетителите.

Фестивалската вечер ја отворија диџеј-сет, по што настапија групата „Бонгас“, а ѕвезди на вечерта беа Огнен Здравковски кој аја подигна атмосферата со својат аизведба и Џенан Лончаревиќ кој остана да пее со публиката и по еден часот по полноќ.
Со кригла пиво и здравица за сите, со желба да имаат посетители убави фестивалски денови за паметење градоначалникот на Прилеп го прогласи Пиво Фестивалот за отворен.

Првата фестивалска вечер помина во одлично расположение, со позитивна енергија и безбедна атмосфера, а Прилеп уште еднаш се покажа како град кој знае да биде домаќин на големи настани.


Пиво Фестивалот продолжува и уво наредните денови со нови концерти, богата програма и очекувања за уште поголем број посетители, потврдувајќи дека летото во Прилеп има свој препознатлив ритам.Утре ѕвезда на вечерта е Милица Павловиќ, а Јелена Розга, ќе го затвори 23 ти „Пиво фест“ во недела 19 ти јули.

