28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција.

Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е огромна. Само на почетокот во ноември 5 луѓе го загубија животот во сообраќајки.

Во саботата, на 8.11, 2025 , полициски службеници од ОВР Прилеп, кои со радар мереле брзина на возила, забележале дека 40-годишниот Н.Ц. од село Кошино, општина Долнени, управувал „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки со 104 километри на час, двојно повеќе од дозволената брзина во населено место.
По документирање на случајот, против Н.Ц. ќе следува пријава по член 297 од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Законски измени, санкции и физичко обезбедување бараат вработените од МЦСР-Прилеп

Почина младата круешевчанка која падна во кома по убод од инсект

Пожар во индустриска зона во Прилеп, кај Студенец и Дервен фатени дрвокрадци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе