9 C
Прилеп
петок, 4 април, 2025
Пела Радио

Трагедијата од Кочани ја зеде 60-тата жртва

Почина Александар Карадакоски, кој што бил управител на хартија на ММММ Кафе дооел, кој што управувал и со дискотеката Пулс во Кочани во која изби пожарот и животот го загубија во 59 млади лица.

Карадакоски на лекување беше испратен во Литванија каде и починал.

Во трагедијата што се случи во на 16 март рано наутро во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 170 беа повредени.

Карадакоски е 60-та жртва од трагедијата која што ги погоди Кочани и Македонија.

Официјална потврда во јавноста се очекува да биде објавена на прес-конференција на Министерството за здравство закажана за денеска во 13:30 часот.

Во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, осомничени се 27 физички, три правни лица и седум полициски службеници од Штип и Кочани.

На сите осомничени им е одредена мерка 30-дневен притвор, освен на хоспитализираните.

Обвинителскиот тим што ја води истрагата за пожарот во Кочани е составен од 11 јавни обвинители.

Фото: Радио Кочани

Би можело да ве интересира

Мирен протест за поттикнување на развојот на Мариово

(ВИДЕО)Алексоски: Годинава за 20 % го зголемуваме договорното производство на тутун

Се дезинфицираат влезовите од зградите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе