28.4 C
Прилеп
среда, 22 јули, 2026
Пела Радио

Тимски успех – Македонија на ЕП за млади во билијард меѓу најдобрите 8 репрезентации

Македонските јуниори прикажаа одлична борбеност и остварија неколку забележителни победи на Европското првенство во Подчетртек. Македонскиот тим направи одличен спој и успеа да стигне меѓу најдобрите 8 селекции во Европа. Најсвежиот и најголем успех на македонскиот тим е пласманот во четвртфиналето во тимска конкуренција (U19)

Во осминафинале Македонија ја победи Босна и Херцеговина со 2:1 во партии. Во овој дуел, македонскиот најдобар млад билијар играч, Андреј Ѓурчиновски доминираше и го совлада Ернес Рамиќ со убедливи 7:3

Во четвртфинале македонските момци беа запрени од силната репрезентација на Германија (која победи со 2:0). Марко Митанов изгуби од Мартин Розер (0:7), а Илија Димовски претрпе пораз од Фабрицио Инграси (2:8). Мечот на Ѓурчиновски против Валентин Шмиц беше прекинат при водство од 4:3, бидејќи Германија веќе ги обезбеди потребните две победи за полуфинале.

Во поединечни дисциплини, Андреј Ѓурчиновски (U19) актуелен сениорски првак покажа зошто важи за европска надеж. Најзабележителен настап за  него е во дисциплината „Десетка“ (10-Ball), каде успеа да врзе неколку победи и да се пробие во главната фаза. Меѓу другото, во тимскиот дел и во сингл мечевите покажа константна форма и висок процент на освоени партии, вели стручниот тим. Илија Димовски (U19) оствари одлична победа во дисциплината „Деветка“ (9-Ball) каде во напнат и тактички меч го совлада Ахмет-Ефекан Карааслан со резултат 8:4. А, во дисциплината „Осумка“ (8-Ball) беше поразен од Сандер Там со тесни 4:7.

Прилепското момче Марко Митанов кој настапи за U17 во помладата категорија, како најмлад учесник на натпреварот со само 11 години , „покажа заби“ во дисциплината 14.1 Straight Pool, каде во тесна битка изгуби од Французинот Лука Бурно со 32:75 (во оваа дисциплина,познавачите на билијар велат се игра до 75 поени). Во дисциплината „Осумка“ доживеа пораз во првото коло од Ксавери Марцинковски со 3:6.

Македонскиот билијард со ова првенство докажа дека има светла иднина и одлични млади билијард играчи, носејќи се рамноправно со велесилите како што е Германија.

Европското првенство во билијард за млади, се одржа 13 до 21 јули  во Подчетртек, Словенија. Ова е историско 45-то издание на шампионатот, организирано од Европската билијард федерација  (ЕРBF) на кое учествува рекорден број од 178 млади спортисти од цела Европа.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Претставата „Аудиција“ за светскиот ден на театарот во театарот Војдан Чернодрински – Прилеп

Чупетрески: 19 ти нека биде ден на нова револуција на прогресивната и слободоумна идеја

(ВИДЕО) Прилепски Водовод подготвува проекти за канализациона мрежа во Селце и Лагово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе