30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Бараж: „Фортуната” на страната на Тетекс – Големо Коњари не успеа во пенал рулетот

Фудбалска драма во Скопје.Големо Коњари надомести два гола разлика во финишот од натпреварот ,но во пенал рулетот тетовчани имаа повеќе концетрација.Иако Тетекс имаше убедливо водство во текот на сите 90 минути, сепак Големо Коњари доби можност да стигне до втората лига.Но во клучните моменти , во пенал серијата фудбалерите на Тетекс стигнаа до второлигашки статус.Штета за борбената игра на Големо Коњари, штета за храбрите неколку минути во кои сините се израдуваа на двата гола кои го шокираа противникот , а особено оној вториот кога во два потези беше матирана одбраната на противникот.Конечни Тетекс – Големо Коњари – 2:2 на пенали 5:3.Покрај Тетекс , нови второлигаши се и Слога Виница која триумфираше против Преспа со резултат 3:0 и Шкендија Арачиново која беше подобра од Осогово со резултат 2:1.

Би можело да ве интересира

Втор ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“- РК Прилеп го забележа вториот пораз

МЛАДИНСКАТА ПОБЕДА ДАДЕ ПЕТ ГОЛА ЗА ГОЛ-РАЗЛИКА 79:14!

Дебитантски триумф со нокаут за Трајче Илиоски во професионалниот бокс (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе