16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИЦИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПРИСВОИЛЕ МИЛИОНСКИ СУМИ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч  во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА. Станува збор за проневера во износ од неколку милиони денари.

Лицата од  Прилепската болница присвоил речиси над 2 милиони денари зашто не ги пријавувале сите пари кои ги наплаќале од пациентите за партиципација.

Според Обвинителството, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, и двајцата  осомничениени лица, како службени лица – референт – администратор шалтерски работник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално финансиски работи при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил пари доверени во службата.

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување, информираат од финасиската полиција.

Минатиот месец претреси се вршеа на неколку локации, во болницата, но и во домови. Се проверуваа сомнителни јавни набавки направени во Јавната здравствена установа.

Би можело да ве интересира

Момче до смрт избодено со нож во центарот на Прилеп

Пела Редакција

ОВР Прилеп: Пронајдена дрога на повеќе места, пријава за насилно однесување и исчезнато малолетно лице

Прегазен човек на патот Прилеп-Битола кај с.Беровци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе