23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ново музичко задоволство од летните горештини- концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип. Настанот ќе го води Филип Димкоски.

Женски Камерен хор „ Керамија “’ ќе настапри со
1.Ave Maria – Vitorio соло Катерина Попоска, 2.Ubi Caritas – Ola Gjelo, 3.Zum Gali Gali – Israel Folk Song *Инструментална придружба Магдалена Ковилоска флејта Андреј Димоски бонгоси, 4.Mamma Mia – ABBA соло Ане Чесноска, 5.Ли ду ду – муз. Григор Копров – Васил Хаџиманов. арр. за хор Бурим Хидри Куд. Стив Наумов Битола, 1. Тајно моја-Д. Темков,2. Кољо гидија – А. Лековски, 3. Голем чечкалица – Д. Величкович, 4. Bullerengue – J. Antonio, 5. We will rock you – M. Brymer

За неговата посветеност, ангажираност и препознатливост во јавноста за кои медиумите пројавија интерес, хорот ја доби наградата од Радио Пела „13 Величествени„ како престижна награда која ја доделува локаниот медиум со глобални димензии на слушаност и следење.

Женскиот камерен хорот „Керамија“ е формиран на 11.01.2023 година во Прилеп под иницијатива и диригентска палка на Катерина Попоска од Прилеп, дипломиран музичар теоретичар педагог.

Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност. Специфично е името „Керамија“ но тоа го означува античкот град Керамија, кој се простирал на задниот дел и ѕидините од Марковите Кули, кој е синоним на градот Прилеп. Хорот е единствениот еднороден женски хор во Прилеп, во него членуваат и аматери и девојки со музичко образование, но со голем стаж во хорската уметност, кој во многу кратко време покажа дека можи да се носи со тежина на материјал, обемна работа и професионалност на рамниште со професинални хорови. Хорот со досегашната работа има обработено композиции од духовен карактер, комерцијални англиски и божиќни хитови и македонски староградски и народни песни.

Целите на хорот е да се негува хорското пеење и традиција како дисциплина. Афирмација како единствен женски хор од Прилеп за афирмација во Македонија и за афирмација и надвор од границите на државата.
Женскиот камерен хор „Керамија“изминати настапувања од ревијален
карактер:  24-25 Јуни 2023 – Интернационалниот фестивал на хорска музика „ТеХо“ 2023 во
Тетово, поддржан од министерство за култура за на Р.С.Македонија.  16 Септември 2023 – Фестивалот за камерни хорови „Астибо“ Штип, поддржан од министерство за култура на Р.С.Македонија.  22.12.2023 „Божиќен базар“ Шумски фенери – Битола.  24.12.2023 „ Зимска приказна “ во Битола, поддржан од општина Битола.  28.12.2023 „ Новогодишен базар “ во Прилеп, поддржан од општина Прилеп.  Специјална награда на Интернационалниот фестивал „Арт Ин“ Кавадарци (30.05-03.06.2024 год.)  Прво место во Камерна музика на Интернационалниот Пијано Фест во Битола (7-9.06.2024 год.)  Интернационален хорски фестивал „ТеХо“ 2024, жкх. „Керамија“ од стручната јавност е избран за најдобар фестивалски перформанс. (30.06.2025 год.)  Староградски средби во Прилеп „Звуците на градот“ (18.07.2024)  Хуманитарен настап во „Св.Петка“ Прилеп (24.07.2024)  Фествал за камерни хорови „Астибо “ Штип , освоена 1 награда (06.10.2024)  Гости на Годишен концерт на КУД„Пере Тошев“ од Прилеп (20.10.2024)  Целовечерен концерт на ЖКХ.„Керамија“ , (11.11.2024 ) Поддржан од министерство за култура.  „Пелистерски базар“ (16.12.2024)  Номинација за 13 Величествени – Доделување на наградите (12.02.2025)  Вклучување во проект на проф. Димитрије Бужаровски (02.03.2025)  Интернационален фестивал „ТеХо“ 2025 (27-29.06.2025) Предвидени идни активност:  Октомври 2025 предвиден е настап во Молдавија.

Би можело да ве интересира

Унгарска вечер на отворено пред Градскиот саат

В недела кај Саатот – 200 години културна и друштвена меморија

Пела Редакција

„Демократија“ нова претстава на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе