25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Што се случува со Победа?

Во отсуство на официјални информации од ФК Победа, се служиме со она што го дознаваме од луѓе блиски на клубот.Според нив, досегашниот тим што беше на негово чело одлучил да се повлекува, така што итно се барал излез од оваа тешка ситуација, пишува спортскот новинар, Зоран Игески.  Како излез се наметнува формирање нов, здружен тим за спас на клубот. Многу извесно дека ќе се барала помош од Општината. Се споменува апел, повик до сите добронамерници и стопанственици. Се размислува и за јавна средба во клубот со можност за сите што имаат  некаков предлог да го изнесат, за да се дојде до целта. А времето е кусо, клубот мора да се среди до крајот на неделава, како што велат нашите соговорници, пишува новинарот, Зоран Игески.

Победа нема почнато подготовки, а првенството од Втората лига стартува на 23 август. Тешко, претешко, но Прилеп ја сака Победа, тоа име е идентитет на градот, па нема сомнение дека ќе се даде максимум од сите што можат и сакаат да помогнат., пишува Игески.ТУКА

 

 

Би можело да ве интересира

РК „Прилеп„ игра натпревар за опстанок

РК Прилеп и со половина сили „ја прегази“ Јахона (40:17)

СПОРТСКА ТРАДИЦИЈА : БК АС – Прилеп и ЛАЈОНС ДЕН – Мелбурн заеднички го промовираат боксот на највисоко ниво (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе