16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Бесплатен скрининг за детектирање на хепатитис и болести на црн дроб во Прилеп

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Прилеп вчера се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје. Настанот беше дел од националната кампања и се реализираше во координација со Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, со поддршка од градоначалникот Борче Јовчески и директорот на болницата Кире Јоноски, како и во партнерство со Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Центарот за јавно здравје – Прилеп и Хепар Центар Битола.

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот. Мобилната единица ја посетија за време на скринингот градоначалникот Борче Јовчески и директорот на болницата Кире Јоноски и ја поздравија оваа важна здравствена иницијатива.

Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

 

Би можело да ве интересира

Одбележани 120 години од раѓањето на Стале Попов

Тутунарите го повикуваат МЗШВ на брза исплата на субвенциите од ланската реколта

Засејување на облаците, нов начин за заштита од град, како функционира?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе