26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба и промоција на книга „FLOW“ од прилепската уметница Александра Ацеска

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп на  14 август 2025 /четврток/ од 20.00 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложба и промоција на книга FLOW“ од прилепската уметница Александра Ацеска

„Flow го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела, како и уметничка книга која се состои од неколку приказни инспирирани од искуството на уметницата во Кина и четири жени чии патишта се спојуваат и разидуваат, во периоди на промени, интроспекции и созревање. Flow ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации, туку текови што ги учиме“, вели Ацеска за својот уметничко-литературен концепт и проект.

Разговорот со Ацеска ќе го води Иван Ивановски, а промотор на книгата „Flow“ ќе биде Филип Димкоски.
Модератор – Александар Еленин.

Александра Ацеска (1994) е родена во Прилеп, а живее и работи во Фошан, Кина. Во 2017 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности Скопје, отсек сликарство и графички дизајн, и на ФМУ во 2023 магистрирала сликарство. Имала неколку самостојни изложби, учествувала во голем број групни и е добитник на домашни и меѓународни награди

Би можело да ве интересира

Со трагичен исход заврши потрагата по 46 годишниот прилепчанец

Два пожара во Прилеп, повреден пожарникар

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2020.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе