23.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Штетата од пожарот проценета на 5 милиони денари – изгореа шталa, механизација, тутун, гаражи и летна кујна

Голем пожар вчера попладне ја зафати имотната површина на семејство во прилепското село Канатларци, при што целосно изгореа помошни простории и вредна земјоделска механизација. Според полицијата, материјалната штета е проценета на околу 5 милиони денари.

Настанот се случил на 29 август 2025 година околу 13:20 часот,каде избувнал пожар во помошни простории – летна кујна, шталa и гаражи – лоцирани во дворно место на куќа, сопственост на 44-годишен со иницијали С.К. од селото Канатларци. Пожарникарите пожарот го гаснале цели два часа и го целосно го изгаснале во 15:35 часот.

Од МВР информираат дека објектите целосно изгореле

Од огнот биле уништени помошните објекти, 500 до 600 балиња тутун, два моторцикли („Хамачи“ и „Шинерај“), повеќе апарати за домаќинство, мебел и разни кујнски предмети. Освен тоа, во пепел завршиле и мотор „Титаник“, електрична машина за нижење тутун „Тобако“, тракторска опрема, како и патничко возило „Цитроен Берлинго“.

Трагедијата е уште поголема со оглед дека изгореле и дополнителни 300-400 бали тутун, околу 2.000 метри најлон за садење бостан и цел систем за наводнување од 4.000 метри. Огнот не поштедил ниту три трактора – еден „Џондир“ и два „Тафе“, од кои едниот е целосно изгорен, а другиот делумно оштетен.

Пожарот направил пустош, а материјалната штета е проценета на околу 5.000.000 денари.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увид на местото извршиле вешто лице и екипа на ОКТУПА, а причините за избувнувањето на огнената стихија дополнително ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Услугата нега и помош во домот стана дел од системот за социјална заштита

Опожарен автомобил во Прилеп

Реакција на ОО СДСМ: министерот Борко Ристовски денеска се врати на местото на „злосторот“ во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе