15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

500 пакетчиња со училишен прибор пред почетокот на новата учебна година подарија жените-членки на ОК на ВМРО ДПМНЕ

500 пакетчиња со училишен прибор за почеток на новата учебна година, денеска пред градскиот Саат поделија членките на на  Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, под слоганот  „Подадена рака за секое дете – топлина поддршка и насмевка затоа што секое дете е важно“. Настанот беше надополнет и со забавна програма на која настапија со песна дечињата од  „Весели ѕвончиња“.

Хуманоста нека биде наша заедничка мисија! Ве повикуваме сите – сограѓани, пријатели, добронамерници – да се приклучите и заедно да правиме уште повеќе добри дела, таму каде што е најпотребно“, ,напиша претседателската на  Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Билјана Кузманоска на својот ФБ профил, притоа посакувајќи им среќна и успешна учебна година на сите ученици.

Воедно, на неколку локации од градот, ВМРО-ДПМНЕ имаше свои штандови каде граѓаните можеа да ги дадат свои идеи и предлози за подобар Прилеп.

Акцијата, насловена „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“, ја спроведува ВМРО -ДПМНЕ веќе неколку дена во сите општиниа и ќе трае до 3 септември. А, граѓаните своите предлози ќе можат да ги дадат со пополнување на формулар на штандовите поставените на плоштадите во сите општини или по електронски пат.

Би можело да ве интересира

До недела – пекол, на сила црвен метео аларм

Советничката листа ЗНАМ -Прилеп: Во нашата програма го ставаме на пиедестал образованието

Teaтарски белешки (2): Kаде го снема пркосот?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе