23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Микросам одбележа 35 години од постоење и 16 години од Институтот за современи композити и роботика

Прилеп денеска беше домаќин на свеченост по повод две големи годишнини – 16 години од основањето на Институтот за современи композити и роботика (ИСКР) и 35 години од основањето на компанијата Микросам. На одбележувањето во  Институтот и Микросам, присуствуваа високи претставници на Владата на Република Македонија, меѓу кои министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, поранешниот претседател проф. д-р Ѓорѓе Иванов, ректорот на УКЛО – Битола проф. д-р Игор Неделковски, како и бројни професори, соработници и партнери.

По повод годишнината, под водство на проф. д-р Благоја Самакоски, Институтот ја издаде својата
прва монографија – публикација што низ документирани достигнувања, образовни програми и
научни проекти, ја отсликува трансформацијата на една визија во реалност.
„Денес, 16 години по неговото отворање, со гордост можеме да кажеме — ГОРДИ СМЕ. Горди сме
затоа што, во мала земја, преку лична посветеност и креативност на нашиот тим, успеавме да го создадеме првиот приватен научен институт во техничката област на територијата на поранешна Југославија, и еден од ретките во Европа што активно работи на истражување, развој и едукација во областа на композити, автоматизација и роботика,“ истакна на промоцијата Самакоски.
Директорот на ИСКР, д-р Драган Велјаноски, ја промовираше оваа монографија посветена на
историјата и развојот на Институтот. Ова е приказна за тоа како еден град создаде вистински центар  за знаење, истражување и технолошка едукација. 16 години достигнувања на ИСКР
Во текот на своето постоење, ИСКР може да се пофали со:  над 350 реализирани истражувачки
проекти, голем дел со директна индустриска примена за светски лидери како NASA, Spirit Aerosystems, GKN Fokker (развој на материјали за складирање водород, лесни структури за авијација и автомобилска индустрија);  Специјализирани лаборатории за топлинска анализа, механички тестови, роботика, автоматизирана лента и влакна, CNC контрола и автоматизација;  Успешно реализирани магистерски студии по современи композити и роботика и композитни материјали;
Над 400 професионални обуки и курсеви за инженери и технички кадар, како и програми за
деца и практикантски семинари во соработка со Микросам;  Повеќе од 100 научни трудови објавени во меѓународни списанија со значаен научен импакт.
На одбележувањето д-р Самоил Самак, генерален менаџер на Микросам, ја претстави 35-годишната приказна на компанијата – од мал тим во Македонија до глобален лидер во автоматизирани линии и софтвер за композити. Денес, Микросам брои над 340 инсталирани линии во повеќе од 45 земји, со тим од 180 вработени и технологии кои се користат во автомобилската, авионската, вселенска индустрија, и голем број други.
„После 35 години, пораката е едноставна: Македонија може да создава технологија од светска
класа. Благодарност до сите вработени – секој еден од нив е дел од успехот наречен Микросам.
Благодариме и на нашите соработници, клиенти, универзитети и институции, за довербата и
поддршката. А најдоброто допрва доаѓа “ – изјави д-р Самоил Самак.
Двојната прослава испрати силна порака: со визија, знаење и посветеност, Македонија рамноправно е вклучена на светската сцена. ИСКР и Микросам остануваат посветени на мисијата за развој на нови генерации инженери и технологии што ќе ја обликуваат иднината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Половина од тутунската реколтата откупена, дополнителниот заменик министер Трипуновски на терен

Во Прилеп Давкова води со 138, а во Битола со 226 гласови пред Пендаровски

Прилеп – празнување на 11 ти Октомври!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе