16.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Борче Чуптрески, независниот кандидат за градоначалник порача од Могилата: 11-ти Октомври е почеток на нова борба за независна политичка ера на Прилеп

Независниот кандидат за градоначалник на Прилеп, Борче Чупетрески и дел од кандидатите од независната кандидатска листа за советници, по повод големиот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, положија свежо цвеќе пред спомениците на: Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу на Могилата на непобедените и споменикот Жена Борец во Паркот на Револуцијата во Прилеп.

Чупетрески при оваа прилика од Могилата на непобедените им го честита на македонскиот народ, празникот, 11 ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и порача дека „независните“ ќе се борат за независна политичка ера на Прилеп:

„11-ти Октомври е симболот и храброста и решителноста на овој македонскиот народ да се избори за слобода и достоинство. Тоа беше почеток на борба против потчинетоста, а денеска борба против неправдата, корупцијата и партиските окови. Како што нашите предци се кренаа за независност во државата, така ние, независните, се кренавме за независност на граѓаните од партиските притисоци, од поделбата и стравот.11 -ти Октомври нека биде почеток – Секоја генерација има своја борба за слобода, нашата е политичка независност! 11-ти Октомври нека биде почеток на нова независна политичка ера на Општина Прилеп.“

Би можело да ве интересира

Ќе се намалува бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

ОК ВМРО ДПМНЕ прашува: „Дали е вистина дека болницата нема набавено мазут?“

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе