28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

За оние кои патуваат кон Битола – од денеска поставен времен кружен тек за влез во Битола

Од денеска на сообраќајниот влез во Битола од страната на Прилеп поставен е времен кружен тек.

Од Јавното претријатие за паркинзи од Битола информираа дека е поставена нова времена хоризонтална сигнализација и нов кружен тек на булеварскиот влез во Битола и апелираат внимателно возење од страна на возачите.

Новиот времен кружен тек е во непосредна близина на фудбалскиот стадион во Горно Оризари и е со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот во период кога интензивно се гради булеварскиот влез во Битола од северната страна на градот, односно од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Штрајкуваат вработените во прилепските градинки, згрижени 70 деца

Хепатитс Б и Ц – подмолна болест која годишно “убива“ 1,34 милион луѓе

Во ООУ „Гоце Делчев“ отворена прва сензорна соба во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе