19.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Притвор за 6 лица и мерки претпазливост за 17-тина приведени за случајот со Прилепската болница, бара обвинителството

Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 17-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа болница .

Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица (од Прилеп, Битола, Скопје) предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки, вели Јасмина Шишковска претседателка на Основен суд Прилеп.

Во Прилепскиот суд донесени се приведените лица за случајот со финансиското работење на Прилепската болница. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително  раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра. Според неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување на тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица.

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените беа спроведени во Судот во Прилеп.

Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Набрзо по стапувањето на функцијата, лани 2024 година, сегашниот директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Кире Јоноски,  во повеќе наврати на прес-конференција изјави дека биле забележани неправилности во финансиското работење на Болницата и дека болницата ја наследил со долг од речиси 193 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Општина Новаци набави таблет компјутери за четвртоодделенците

Летото и официјално пристигна – со температури до 40 степени

Штетата од невремето во јуни проценета на 61.347.000 денари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе