14.9 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Марија и Тумас – живот посветен на добротворна работа

Донации во опрема за училишта, за старски домови, за здравствени установи, детски градинки, за установи за згрижување… Тие помагаат во цел свет, но фокусот им е кон Македонија. Невладината добротворна организација се вика „Ханд тил ханд“ (Hand Till Hand) и работи во Шведска. Лицето на оваа организација се Марија и Тумас Русенгрен, Марија е Македонка по потекло од Битола, а Тумас е Швеѓанец кој татковината на својата сопруга ја чувствува како своја втора татковина.

Нивната организација „Ханд тил ханд“ е добитник на Третоноемвриско признание на Општина Прилеп за хуманиот и општествен ангажман во здравствената заштита. Како опстојува организацијата; кои се плановите и што ги мотивира овие добротворци разговаравме во програмата Радио што се гледа.

На самиот ден од свеченоста тие врачуваа донација за ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп – четири стоматолошки столови. Но ова е само дел од нивната пожртвуваност да се помогне и да се биде човек таму каде што е најпотребно. Секако помош е неопходна и од Македонија, а за тоа во Прилеп е задолжен Пајо Јанески од Шпедиција ВАП 97  кој се грижи за процедурите за пристигнување и употреба на донациите да се одвиваат без застој.

 

Би можело да ве интересира

Не е сеедно од каде набавувате детска гардероба!!!

Пела Редакција

Здружение ЗОКУМ: Награден конкурс за ученички поетски творби🎁КОЈ НЕ САКА ПРОЛЕТ⁉️

Пела Редакција

Дали од денеска ќе има нови регистарски тaблички со „NMK“?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе