32.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот кај манастирот св. Петка  во Лениште.

– Иницијативата има за цел да го надомести влијанието на медицинскиот отпад што лицата со дијабетес секојдневно го создаваат, но и да придонесе за обновување на дел од уништените шумски површини во прилепскиот регион – велат од Сина Револуција.

Идејата за проектот произлегува од потребата да се одговори и на здравствените, и на еколошките предизвици. По успешната реализација на двете претходни акции, каде што беа засадени стотици дрвја, годинешната акција продолжува со уште појасно дефинирани цели: зголемување на шумските површини, подобрување на квалитетот на воздухот, зајакнување на биодиверзитетот и подигнување на еколошката свест кај населението.

Освен засадувањето на садници, организаторите очекуваат да се истакне  соработката меѓу различни групи на граѓани и институции, поттикнувајќи на поголема одговорност и заедништво кон животната средина.

За сите волонтери што сакаат да се вклучат во акцијата обезбеден е организиран превоз од пред ЦК  „Марко Цепенков“и  оброк за време на активностите.Поаѓање е во 09:30 часот

 Во акцијата се поканети да земат активно учество сите компании, јавниte институции, здруженијата и граѓаните преку донирање садници, логистичка или финансиска поддршка, или со лично учество во волонтерските активности.

Секоја засадена садница е чекор кон поздрава иднина! И најмалите чекори можат да создадат долготрајни, позитивни промени! Грижата за природата е грижа за нас самите!, мотивираат и потсетуваат  организаторите

Би можело да ве интересира

Говорниците во прв план, решенијата во сенка – маратон на зборови на маратонска седница на Совет прва од ваков вид

Пела Редакција

И денеска многу топло време, ризично за здравјето

Како да се поврзат социо – економските потреби на заедницата за корисни проекти со видливи резултати?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе