30 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Изложба во Цепенков “Модерни и многуоблични“

Изложбата “Модерни и многуоблични“ ќе биде поставена од 26 ти, среда  до 10 декември 2025 година, во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“, а отворањето е во 19,оо часот.

Изложбата ја изразува модерната уметност што преставува изразителен и широк поим, кој содржи различни стилови, техники и концепции во уметноста од почетокот на 20 век. Модерната уметност, велат познавачите на уметноста,  се разликува од класичната уметност поради својата иновативност, експериментирањето и фокусот на современите теми и искуства. Оваа уметност често го претставува духот на современоста и реакциите врз социјалните, политичките и технолошки промени.
Проектот „Модерни и многуоблични“  ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството, изложба која ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Вклучувајќи ја линијата, плохата и експресивноста на боите, ни објаснува за експерименталноста на авторите во своите подрачја. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми. Исто така се очекува од гледачот да ја разбере таа експерименталност која го следи целиот проект.
Со изложбата се истражува богатата разновидност и креативна комплексност на модерната уметност, вклучувајќи ги трите основни медиуми на уметноста. Преку различни авторски изрази, изложбата ги осветлува необличните и експериментални аспекти на овие уметнички форми.

Би можело да ве интересира

Како се прави мозаик – предизвик на 15 ученици

Пела Редакција

„Игра на инструментите“ од Јовевски доби спот (ВИДЕО)

Пела Редакција

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС МУ СЕ ПОКЛОНУВА НА ЛЕОНХАРД МАЗИНГ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе