30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Проданоски во работна средба со британскиот амбасадорот Лосон

Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп и прилепските пратеници. На средбата станало збор за потенцијалите на општина, бизнис климата, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и поволностите кои општината ги нуди за  потенцијалните инвеститори.

 Од страна на амбасадорот била презентирана работата на Британската бизнис асоцијација, со јасна определба за зајакнување на деловните врски и поголема поврзаност помеѓу компаниите, можност што отвора пат за нови инвестиции во регионот. На средбата се разговарало и за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, чија реализација опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, Воедно двете страни ја потенцирале важноста за зацврстување и продлабочување билатералните односи за подобрување на условите за живот, развој и економски напредок.

Би можело да ве интересира

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

Прилеп бележи пораст на новозаболени од корона

(ВИДЕО)Промоција на инклузивна финансиска писменост за лицата со попреченост

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе