21.3 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Наум Петрески за дочек на Новата година во Прилеп

Д Хаундс, Љубојна,  Камерниот оркестар од Битола, Владо Јанески, Наум Петрески, Пајак..ќе ги забавуваат прилепчани за новогодишните празници.

Македонската музичка естрадна ѕвезда, Наум Петрески ќе биде на новогодишната ноќ , за дочекот на Новата година, на 31 декември и заедно со  неговата песна прилепчани ќе ја дочеката Новата 2026 година на плоштадот “Методија Андонов- Ченто“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во рамки на новиот концепт, за прославувањето на Новата 2026 година, за првпат ќе биде организиран и Новогодишен базар на плоштадот, со седум големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе се нудат храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи атмосфера по примерот на големите европски новогодишни базари.

Културно-уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден, од  24 декември до 1 јануари 2026, од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите посетителите ќе можат да уживаати  во целодневна програма.

 

Градоначалникот, Дејан Проданоски, упати покана до сите прилепчани и граѓани од целата држава да бидат дел од празничната магија, нагласувајќи дека Прилеп заслужува убава празнична приказна и заеднички моменти исполнети со насмевки и позитивна енергија.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп сеуште во „црвена зона“, но нема построги рестриктивни мерки

Музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме” гостува во Прилеп

Пела Редакција

Парите за дочек на Новата година Општина Прилеп ќе ги пренамени за отворање Центар за деца со церебрална парализа.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе