22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Се виткаа посните сарми , се враќа традицијата за патрон празникот во Прилеп

Се виткаа посните светиниколски сармички во кујната од компанија “Бимфоод” а во виткањето учествуваа 40 жени од прилепските женски здруженија , Мајка Традиција , Китка, Преродба  и Орхидеја.Во пресрет на патрон празникот на градот Прилеп , “Свети Никола се враќа традицијата , виткањето на посните сарми , сарми по кои градов и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

„Им благодариме  што овие жени се два дена со нас и што ја пренесуваат нивната традиција на нас помладите со љубов , и тие претставуваат столб  на нашата традиција во Прилеп “, рече Рената Јанческа – Ацеска , претставник на компанијата „Бимфоод”.

Мала , вкусна , уникатна и се прави само во Прилеп , тоа е и всушност рецептот за одржување на оваа традиција која повтпорно се враќа за овој празник.Посните сармички се виткаа со љубов а во нив се става само масло , црвена пипер , црн пипер и солца , што пак е доволно за вистинско празнично задоволство на сите жени кои вредно ги подготвуват за градската слава.

„Особено ми е важно , што овој букет од млади кои се тука за нас  , и сметам дека треба сите да ги поздравиме, кои што одат во предучилишно образование , за да ги прифатат нормите кои што ги имаме од минатото , да ја научат традицијата која ја имаме од нашите прародители и до денеска ја градиме, и за волја на вистината имаме на кого да ја предадеме , и тоа ме прави особено среќен како човек” , истакна првиот човек на град Прилеп , Дејан Проданоски.

Инаку за потсетување, градот Прилеп  оваа година слави 20 години од одбележувањето на Свети Никола, како заштитник на градот и масовно ќе се слави на плоштадот „Александрија”. Годинава, домаќини на градската слава се компаниите , „Матадор” и „Бимфоод”.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележува Денот на независноста

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Нулта толеранцина – Нема оправдување за насилство врз жените

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе