7.1 C
Прилеп
сабота, 7 декември, 2024
Пела Радио

Меѓународен ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“

 

Трета година ролер ски натпревари со единствена цел поврзување на двете општини Кривогаштани и Крушево, со огромна поддршка од локалните самоуправи, а под покровителство на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт. Спортско и културно поврзување, дружење е целта на купот. Стартот на меѓународните трки е од Центарот на Кривогаштани, а целта во Крушево. Трките се бодуваат исто како и зимските натпревари.
– Настанот започнува со официјален тренинг во петок 24 август, во 15 часот, а трките се закажани за сабота и недела во 9 часот. Во сабота стартуваат трките со поединечен старт на 12км мажи и 6км жени во слободен стил, додека во недела се трките на 10км мажи и 5км жени исто така во слободен стил. Натпреварите се официјализирани пред 3 години, истакна Ѓоко Динески, селектор на македонската нордиска репрезентација.
Повеќе околу самата идеја на купот, организацијата, учесниците и плановите за иднина од разговорот со Динески, селектор на македонската нордиска репрезентација.
Емисијата „Жешко столче“се емитува секој петок во 10 часот, а репризните изданија се во недела во 13 ч. и во вторник во 18 ч. на Радио Пела на 96,8 MHz или на нашиот линк за следење преку интернет.

Би можело да ве интересира

30 години независност низ призмата на првиот градоначалник на Прилеп, Илија Димоски Шаторо (Видео)

Елизабета Филипоска

(Видео) Че има Прочка и че дефилираат над 500 маски

Елизабета Филипоска

Смилеска: Околу 20 илијади граѓани во Прилеп веќе се имунизирани – од петок имунизација и на деца од 12 до 16 години

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе