17.4 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Пијан прилепчанец со близу 2 промили алкохол седнал зад воланот на својот „џип“

Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода Р.Г. (49) од Прилеп.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

Би можело да ве интересира

Прилепчанка останла без 700.000 денари преку приказната на социјалните мрежи за “болно дете„

Пела Редакција

Фатен крадец, пленот вратен кај сопствениците

Трагедија во пожар во прилепско Браилово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе