30 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Полицијата лиши од слобода пијани возачи кои “седеле“ зад воланот

На 24.12.2025 во 13:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(39) од Прилеп. При сообраќајна контрола на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
На 25.12.2025 во 01:40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.П.(40) од с.Веселчани, прилепско. При сообраќајна контрола на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Би можело да ве интересира

Зачестуваат физичките напади врз жени и пријавите во полиција за вакви случаи

Млад возач тешко повреден – излетал од коловозот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Пела Редакција

(Видео) Жител од с.Црнилиште пукал со огнено оружје во дворот и се пофалил на Фејсбук

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе