28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Кривична за тројца прилепчани за тешки кражби, трговија со дрога и оружје

СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, „фалсификување на огнено оружје“ и „помагање“.

Полициски службеници извршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети кои потекнуваат од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски пиштол, автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола.

Првопријавениот, со намера да изврши фалсификување на ознаките на автоматските пиштоли со електрична брусилка извршил механички интервенции на двата пиштоли во содејство со второ и третопријавениот со намера да се стекнат со противправна имотна корист,информираат од МВР Битола.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника

Утрово се степале во казино – A, во Кривогаштани лице агресивно се однесувало кон полицијата

Апсење во прилепската болница за можни финансиски злоупотреби

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе