31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

(Видео) ВНИМАТЕЛНО! Одрни на автопати и превоите, поплави во с.Бучин…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата.Во Бучин се излеа Црна река.

Од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај село Бучин во крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци село Бучин – Демир Хисар, село Бучин – село Обршани и село Бучин –село Трноци.

  • Во 17.35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на лице место се полициски службеници и екипа од Македонија пат – информира МВР.
  •  Исто така, од 18.15 часот е воведена забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан.
  • Од 18.30 часот патниот правец Пробиштип–Леговец е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна незгода и вршење увид.
Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот и апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.
Возачите се повикуваат на прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, со оглед на променливите временски услови кои ги прават патиштата лизгави.

Би можело да ве интересира

Порака од МТФ „Војдан Чернодрински“: Заедништво и комуникација недостига во театарскиот колектив во земјава

Повторно гореше дабничко

Пела Редакција

Полицијата апелира да не се палат стрништа, поднесени 8 кривични пријави

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе