20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

💗АПЕЛ ЗА ПОМОШ – МОНИКА СЕ БОРИ СО ТЕШКА БОЛЕСТ❗❗

Никој не сака да го гледа својот најблизок како се бори за живот. Семејството од Моника, нејзината сестра апелира за помош бидејќи тешко е да се истрае. Само за неколку мигови со донација на телефонскиот број: 143 132 на Т Мобил можете и вие да помогнете. 

Ова е приказната од Моника:

„Се бориме со таа болест и секој ден е борба да остане позитивна, да издржи прејака терапија. Таа е позитивна иако има моменти кога е неиздржливо, но за мене и мајка ми најголема надеж и светлина во оваа агонија е што Моника ни ветува дека ќе издржи и ќе победи. Сакам пак да излеземе заедно, да се смееме, да се врати таа моја сестра што беше толку силна и работеше.  Сега мора да јаде само био производи, со секојдневен режим на исхрана и сокови. Таа се бори, и ние со неа, но за лек и спас ни се потребни средства што ги немаме.

Терапијата во Турција ни дава надеж за лекување и победа на оваа болест. Тие терапии се за живот на Моника.
Ова не е нешто што може да се реши со оперативен зафат – не е возможно, затоа што ракот е агресивен и се прошири во целото тело за само неколку месеци.Постои ризик на коскената структура, метастази на коски, надбубрежни жлезди и на бели дробови, а примарниот е во десната града. Докторскиот тим во Турција никако не ја зема во предвид операцијата, затоа што е преризично, велат од семејството на Моника.

Би можело да ве интересира

Донесена одлука да започне со работа новата детска градинка во „Точила“ наречена “Бајка“

Во спомен на Благоја Ристески Платнар, роден на денешен ден

Пела Редакција

Прилепчанка нападнала полицаец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе