16.7 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Протест на дел од вработените во Македонска Пошта, во прилепско неуредна достава

Дел од вработените во Македонска Пошта денеска протестираат поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија. Причината е како што истакнаа на протестот во Скопје задоцнување на исплатата на  плати и лошите услови во кои што работат.

„Три, четири месеци доцни платата. Вработените се крајно револтирани и затоа што 60% од нив земаат минимална плата, и таа плата не ја земаат редовно. 1.700 вработени чекаат плата. Од нив 300  поштари на кои не им е регулиран статусот,“ изјави Сашо Димитриески, претседател на синдикалната организација на Пошта во Скопје.

Во Прилеп и регионот денеска со подрачните единици во останатите општини: Крушево, Кривогаштани, Воѓани,  како и општина Долнени: Лажани, Дебреште, Црнилиште, Костинци поштата функционира.  Исклучок се дел од поштарите кои го изразија своето незадоволство со неуредна достава на поштата до граѓаните.

Би можело да ве интересира

Здравствените работници наградени за својот минат труд

Пожар во атарот на Кадино Село се шири со голема брзина кон с. М.Коњари

Пела Редакција

Прилепската болница се модернизира, останува недостигот од медицински кадар (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе