28.9 C
Прилеп
понеделник, 27 јули, 2026
Пела Радио

На Плетвар намалена видливост до 50 метри, возете внимателно❗

Поради магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена на само 50 метри. Возете внимателно порачуваат од АМСМ и од Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла до 80 м. има во Струмица, до 100 м. во Тетово, на планинскиот превој Плетвар до 50м. и до 100м. во Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, посочуваат од АМСМ .

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02  25 61 502.

Би можело да ве интересира

Прилеп: За 4 дена над илјада тутунари пријавиле вишок производство, најмногу од долненско

Душко Најдоски – добитник на Третоноемвриската награда за животно дело

Одбележани 90 години од раѓањето на амбасадорот д-р Ханс-Лотар Штепан – човекот кој го отплетка „македонскиот јазол“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе