20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Пијан возач со 1.73 промили алкохол во крвта возел во вечерните часови низ прилепските улици

На 24.01.2026  во 01.50 часот на ул. „Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.Р.(38) од Прилеп.

Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „туран” со прилепски регистарски ознаки управувано од Х.Р. при што, констатирано било дека истиот управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.73 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило” казниво по чл.297-а од Кривичен законик, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Потрагата по 14 годишната Вања сеуште трае!

Приведен Прилепчанец во чии дом е пронајдена дрога

Црна хроника: Уценувана малолетничка – ограбена жена кај железничката во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе