20.6 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Полицијата пронашла марихуана кај прилепечани од различна возраст

Во два разични случаи од терен, полицијата пронашла марихуана кај неколку жители од Прилеп и ги лишила од слобода, информираат од СВР Битола.
На 03.02.2026 во 00:40 часот на ул.„Дабнички завој” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(27) и И.Џ.(27), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С., а сопатник бил И.Џ.(27), кај М.С. била пронајдена марихуана.
На 02.02.2026 во 19:00 часот на ул,,Дабничка” во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Р.(33), Х.С.(23) и 13-годишник, сите од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја.
По документирање на настани, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

На патот Прилеп – Битола пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана

(ВИДЕО)Законски измени, санкции и физичко обезбедување бараат вработените од МЦСР-Прилеп

Се бара дванаесетгодишно девојче кое од синоќа се оддалечило од домот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе