30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

КАДРОВСКИ ЗАСИЛУВАЊА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп доби две нови засилувања во лекарскиот тим.
По завршувањето на својот мандат како градоначалник, д-р Борче Јовчески, специјалист ортопед се враќа на работа во болницата и повторно станува активен дел од ортопедскo  – трауматолошкиот одделение.

„Враќањето на д-р Јовчески е значајно за установата и за пациентите, затоа што ортопедијата е една од најбараните гранки во секојдневната болничка пракса – од третман на повреди и скршеници, до дијагностика и лекување на состојби на коски, зглобови и лигаменти. Неговото повторно ангажирање носи континуитет во стручната работа, дополнителна стабилност во тимот и можност за побрза и поефикасна ортопедска услуга, особено во делот на амбулантските прегледи, болничкото лекување и постоперативната грижа“ истакна директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, Кире Јоноски.

Истовремено, болницата добива и силно кадровско засилување во уште еден клучен сегмент,  д-р Емилија Спасовска Златков, специјалист анестезиолог, која доаѓа од приватното здравство и се приклучува на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп.

“Антезиологијата е столб на современото болничко лекување, неопходна за безбедно изведување оперативни зафати, ефективно управување со болката, како и за стабилизација и поддршка на пациенти во итни и комплексни состојби. Со доаѓањето на д-р Спасовска Златков, се очекува дополнително зајакнување на капацитетите во:подготовка и водење на анестезија за оперативни интервенции,,подобра организација на хируршките програми и тимската координација,поголема безбедност на пациентите пред, за време и по операција и подобро третирање и контрола на постоперативната болка“, посочи директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, Кире Јоноски.

Овие засилувања имаат директно значење за целокупниот болнички систем, затоа што овие две области се тесно поврзани во практиката – особено кај хируршките интервенции и третманот на трауми. Со тоа, установата добива поголема функционалност, поквалитетна услуга и подобра подготвеност за зголемен обем на пациенти.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп продолжува посветено да работи на јакнење на стручните тимови и унапредување на здравствените услуги за граѓаните на Прилеп и регионот,се вели во објавата на ФБ страницата на прилепската болница.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист прегази пешак во Прилеп и повторно пожар на паркирано возило

Чиста животна средина , подобра иднина за сите – одбележан денот на пролетта во ООУ Кире Гаврилоски-Јане (ВИДЕО + ФОТО)

Талевски и Стевананџија: Македонија созреа во демократијата – изборниот процес во Прилеп се одвива во фер и демократски избори

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе