22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја.

Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со свештени лица од прилепското архиерејско намесништво

Традиционално, бакалскиот еснаф во Прилеп  го прославува својот патрон празник ,„Св.Три Светители“ од 1954 година, од кога и постои и здружението на бакали, кое преставува еден од најголемите еснафи во Прилеп.. Празникот е посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст кои се сметаат за три столба на христијанската црква.

Би можело да ве интересира

Натпревари, изложби, средби – 80 години ЈОУ Градска библиотека Борка Талески

Педесет години македонистика во Романија

Пела Редакција

Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе