16.7 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) .

Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски и Димитриоски целосно се доближија и во една ситуација прилепчани дури и израмнија.

Но, сепак, квалитетот на актуелниот шампион излезе на виделина, па Тајник со два гола и капитенот Филип Кузмановски ги презедоа работите во свои раце.,да на крајот резултатот да заврши 32:27 во горист на домашната екипа.

Во составот на прилепчани се истакна Димитриоски со девет гола, а голманот Ангелески имаше 12 одбрани.

Би можело да ве интересира

Германски Фрајбург е заинтересиран за фудбалер од Житоше

Победа утре започнува со подготовките! Се очекуваат ли засилувања?!

Донација од аптеките „Вива фарм 2005“ за ФК Младост 1930

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе