15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Формирано Локалното собрание на млади кое ќе ги застапува интереси на младите во Општина Прилеп

Општина Прилеп  избра Локалното собрание на млади, пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници во Локалниот младински совет. Согласно донесеното решение, во Собранието се избрани 12 млади делегати и 12 заменик-делегати или вкупно 24 млади претставници од различни  организациски групи, што ќе ги застапуваат интересите на младите во Општина Прилеп.

Младинските делегати и заменик-делегати доаѓаат од повеќе организации, вклучувајќи од : Црвена младина – Прилеп, учениечки и ученички заедници од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ЛК СДММ – Прилеп, Младински совет – Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА – Прилеп, УМС ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т – Прилеп и Извиднички одред ФЕНИКС.

Локалното собрание на млади е тело кое го сочинуваат млади претставници од различни младински и ученички организации и има советодавна и застапувачка улога за прашања од младински интерес во локалната самоуправа. Според донесеното решение, целта на овој состав на Локалното собрание на млади е да спроведат избор на членови во Локалниот младински совет. Оваа институционална форма е предвидена со Законот за младинско учество и младински политики, според кој локалните совети се важен механизам за вклучување на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки што директно или индиректно влијаат на нивниот живот, со цел да биде засилена нивната улога во општеството и во локалните процеси на донесување одлуки.

Од Општина Прилеп посочуваат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон јакнење на младинското учество, создавање простор за гласот на младите да биде чуен и за конкретни придобивки да се реализираат на локално ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ЧЕ ТРЧАМЕ 2025 : Трка за сите генерации

Прилепскиот театар со „Дупло дно“ гостува во Ниш

Исак ги воодушеви прилепчани – MK Рисови со фантастична организација на традиционалниот мотофестивал (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе