30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица.
Учениците – медицински сестри мереа крвен притисок, гликемија, пулсиоксиметрија и делеа совети за подобро здравје, фризерите стрижеа, фарбаа и фенираа, „текстилците“ изработија од рециклиран текстил навлаки за перници и ги донираа, козметичарите внесоа свежина со своите изработени сапуни и козметички срества за разубавување, фармацевтите донираа кремови кои сами ги изработија,  а професорите во оваа установа помогнаа со донирање на постелнина и помагала.  Сите заедно, обединети со својата заедничка цел, ги израдуваат, ги разубават, се погрижија за нивното здравје, и ги израдуваа со своето пристуство штитениците од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“- Прилеп.
 Ментори – професори: Наташа Ванчева, Даниела Зојческа, Наташа Мирческа, Наташа Најдоска, Стојне Христоска и  Христина П.Димеска беа задоволни од работата на своите ученици и не го криеа задоволството што учениците умешно ја практицираат својата работа и ја покажаа својата вештина и хуманост.
„Денес ние внесовме радост, насмевки, љубов, хуманост кај возрасните но споделивме и многу животни приказни испреплетени со многу емоции“  – истакна стручниот наставник Наташа Ванчева организатор на хуманитарниот настан.

Само пред, неколку дена, ученици од текстилно-кожарската струка, заедно со професорките и директорката од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, ја посетија и прилепската болница “Борка Талески” каде што донираа чаршави и навлаки кои тие ги изработија од рециклиран текстил, наменети за потребите на Oртопедско-трауматолошкото одделение и Одделението за анестезија и реанимација.

Би можело да ве интересира

Коренти – најмаска на Карневалот Прочка 2018 (галерија)

Граѓански марш за 11 ти Октомври

Крушево му оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе