23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Промена на ул.“Александар Македонски„ со спуштени ивичњаци и нивелирани шахти

По барање на жителите, институциите и деловните субјекти кои се наоѓаат на улицата „Александар Македонски“, реализираи се корективни зафати на патната инфраструктура.
Иако, улицата беше изградена минатата година, во пракса се покажало дека поставените ивичњаци го отежнуваат паркирањето и создаваат пречки во секојдневното функционирање на овој дел од градот.
 “

Со цел да обезбедиме подобра пристапност и поголема безбедност, извршивме замена на ивичњаците и нивелирање на шахтите. Овие активности се преземаат за да одговориме на реалните потреби на граѓаните и институциите и да обезбедиме пофункционално и долгорочно решение. Во следната фаза ќе се реализира и уредување на тротоарите, со што дополнително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на пешаците. Ви благодарам за трпението и разбирањето. Наш приоритет останува континуираното подобрување на условите за живот и работа во Прилеп.“,објави градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на неговата ФБ старница.

Извршените корекции се направени без никакви дополнителни финансиски средства од буџетот на Општината, вели градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски.
“Истите се реализирани од страна на изведувачот, врз основа на нашите забелешки и барањата на граѓаните. Секој договор мора да се почитува, а обврска на изведувачот е да ги отстрани недостатоците кои ќе се појават по изведбата на работите”, потенцира Проданоски, нагласувајќи дека негов приоритет останува да бидат решавање на реалните потреби на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Традиционален уметнички хепенинг на Ротари во чест на 3 ти Ноември

(ВИДЕО) Спектакуларно Тјунинг кар шоу во Прилеп со над 1300 учесници

На две мерни места во Лагово и Алинци водата не е за пиење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе