19.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Нови повисоки цени на горивата од полноќ: бензинот за 7, а дизелот за 6,5 денари од литар

Ново поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ – Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати.

Според новиот ценовник, бензинитеЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за 7 денари по литар. Со тоа, максималната малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 88,50 денари.

Кај дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) зголемувањето е 6,50 денари по литар и од полноќ ќе изнесува92 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 89,50 денари за литар.

Повисока цена ќе има и мазутот. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за4,867 денари по килограм и ќе изнесува 47,453 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

Кафулињата од денeска отворени. Но, пред пиење кафе, дезифицирање на раце

ИН МЕМОРИАМ: Почина Ѓорѓи Кузмановски, човекот кој 11 години ја возеше велосипедската тура во чест на Денот на независноста на Македонија

Промовирани две дела од прилепските научници проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе