24.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Целосно изгаснат пожарот на депонијата Алинци

Нема повеќе пожар на депонијата во Алинци. По тридневни акции на прилепските пожарникари екипи од јавните претпријатија, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, општествено одговорни компании,  совладан е огнот за кој се стравуваше дека ќе се прошири врз останиот дел од депонијата.

„Покрај големиот број луѓе, компаниите на располагање ја ставија и својата градежна механизација, цистерни и транспортни возила, додека Територијалната противпожарна единица повторно покажа висок професионализам и подготвеност за најголеми ризици,“ посочуваат од ЈКП Комуналец.

Зачестеноста од појавувањето на пожари на градската депонија наведува дека  единствено трајно решение  е регионалното депонирање на отпад, систем кој што предвидува претходна селекција на отпад и соодветни инсталации за управување со отпад.

Би можело да ве интересира

(Фото) И, тие помогнаа-успешна хуманитарна акција на Спасителната служба „Златоврв„

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

Пела Редакција

Саем за вработување и кариера

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе