2.7 C
Прилеп
петок, 17 јануари, 2025
Пела Радио

Витаминка на Worldfood Москва 2018

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018. На четиридневниот саем, Витаминка го промовира и новиот, модерен корпоративен штанд.

Ова е трето присуство на компанијата на московскиот саем. Извозот на производите на Витаминка се одвива континуирано веќе 5 години, со што руските потрошувачи се веќе добро запознаени со нивниот квалитет.

„ Тука се присутни најголемите извозници на храна во Руската федерација и токму заради специфичната публика, саемот изобилува со низа трибини, промоции и презентации. Исто така, важи за најголема берза за храна во овој дел на светот. Предностите од присуството се протегаат од контакти и можни договори и партнерства, па се до стекнување нови знаење и запознавање со последните трендови во прехранбената и кондиторската индустрија“, изјави директорот на Продажниот сектор-Извоз, Љупчо Велески.

Саемот Worldfood привлекува огромна публика и е посетуван пред сè од страна на професионалци и претставници од трговијата на големо и мало. Присутни се дистрибутери, производители, сопственици на ланци ресторани и супермаркети, и е одлична можност за промовирање нови производи. Бројките од минатогодишните изданија говорат за растечката популарност. Во 2017 година имало 1516 изложувачи од 62 земји и 29 900 посетители.

Би можело да ве интересира

На Божиќ божиќен ручек за 500 деца

Елизабета Филипоска

Прилепскиот Совет ја започна постапката за општинска обврзница

Гордана Цветаноска

Тутунот нема алтернатива, вишок ќе има и годинава?! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе