16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Нова донација на „Комфи Ангел“, овој пат во Кичево

Компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп денеска донираше постелнини и перничиња во кичевската градинка „Олга Мицеска“.
„Комфи Ангел“ е позната по својата општествена одговорност и взаемна соработка со заедница. Досега, оваа прилепска компанија беше ангел за помош за оние каде е најпотребна во прилепската градска болница, но и во други болници низ земјава, во Домот за стари лица, во градинките, а препознатлива е и по честите акции за продажба на артикли од својот асортиман по симболични, промотивно-хуманитарни цени, подостапни за поширок круг на потрошувачи.

Директорот на единствената градинка во Кичево, Садик Ахмети, изрази благодарност за донацијата.
– Да се биде хуман значи да ги сакаш луѓето, да посакуваш добро и среќа, да бидеш сочувствителен кон нив, да ја поттикнуваш нивната радост. Она што нè носи заедно со сите други луѓе е токму фактот дека сме луѓе и човечки суштества, истакна Ахмети.

Би можело да ве интересира

Уапсен прилепчанец, ја нападнал сопругата

Полицијата регистрирала три физички напади викендов во Прилеп и Кривогаштани

Пела Редакција

До каде е изградбата на резервоарот за вода во с. Белушино?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе