Од утре започнува овогодинешниот фестивал на пивото , тридневна забава под отворено небо , не само за прилепчани туку и за сите кои ќе сакаат да дојдат да се забавуваат , да се напијат ладно пиво и да вкусат прилепска скара.И годинава организаторите се погрижија музичкиот дел да биде преплавен со различен жанр на музика за да можи секој да ужива додека се забавува секако.Од Џенан па се до Розга и враќањето на алтернативната сцена со музика од различни диџеи.За некои фестивалска атракција а за други пак обични три дена исполнети со музички ѕвезди , штандови низ централното подрачје и гости од секаде.Како и да е традицијата продолжува а тимот на Радио Пела , денеска ја регистрираше и подготовката во централното градско подрачје.Секако ве потсетуваме и на програмата , повлете подолу погледнете.


