Под мотото “Храбриот нов театар“ и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва, со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна 60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Фестивалот започна со хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот, со документар филм, посветен на фестивалските децениски случување преку призмата на театарските дејци со доделување на благодарници на најзслужните кои оставиле белег во децинсикото делување на фестивалот и со доделување на наградите за животно дело за актерот Веби Ќерими, театарскиот деец Љубомир Чадиковски, режисерот Сашо Миленковски и на актерот Атила Клинч. Покровител на јубилејнот издание на фестивалот е Претседателката на државта, Гордана Сиљановска Давкова, која му честита на лауратите и го отвори јубилејното 60 издание на МТФ “Војднан Чернодрински“.
И, со ова актери, режисери, вљубеници во театарот од денеска, па се до 12 јуни ќе бидат дел од фестивалската атмосфера која шест децении се негува во градот под Марковите кули.
На програмата се 10 претстави во конкуренцијата за награди и уште 4 во дополнителната програмата. Независната продукција публиката ќе ја види со четири претстави: „Драга Јелена Сергеевна“ во режија на Шенај Мандак, „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василевски, продукција на „Штрих“, „Невиност“, дипломската претстава на студентите од класата на професорката Зоја Бузалковска и насловен доцент Александар Степанулески, „Сина сенка“ во режија на Тамара Стојаноска, продукција на „Златен Елец“.
Освен прикажувањето на претстави на МТФ “Војднан Чернодрински’ највени се и промоции, научни трибинии, тркалезни маси, исложби… Годинашен автор во Фокусот е Дејан Дуковски. Токму со негова драма предвидено е на 12 јуни да заврши фестивалот, со претставата Црно Злато, во изведба на Белградско драмско позориште.

