Со донација од Министерството за дигитална трансформацијата кабинетот по физика во СОУ Ристе Ристески Ричко се поднови со 20 компјутери. При посетата на Прилеп министерот Андоновски придружуван од градоначалникот Проданоски направи увид на компјутерската опрема со која како што рече се потврдува соработката со образовните институции за унапредување на наставно образовниот процес.
„Ова е уште еден проект којшто го реализираме заедно со општината. Тоа е опремување на училиштата. Во случајов средното училиште со компјутерска опрема во еден од кабинетите со што очекуваме дека ќе се зголеми дигиталната трансформација во училиштата, ќе се подобрат дигиталните вештини на младите, на учениците и ќе градиме генерации на успешни, квалитетни млади луѓе кои што ја разбираат технологија и коишто ја користат технологијата да бидат подобри во она што го работат и она што го учат. И во оваа насока ние започнавме од Ѓорче Петров во Скопје. Ќе опремиме уште училишта низ низ целата држава во зависност од потребите на училиштата, посочи министерот Андоновски.
Изразувајќи благодараност градоначалникот Проданоски посочи дека во прилепските образовни институции, продолжува процесот на осовременување на опремата.
„Тука се едуцираат кадри коишто треба да оперираат со овие дигитални машини и навистина една навистина убава слика и унапредување на процесот на образование и наставнонаучните средства во нашиот град. Тоа ни е основната заложба како локална самоуправа да ги подобруваме постојано а условите за образование на нашите најважни членови на ова општество. Тоа се учениците во предшколска, во основно и во средно образование,“ рече Проданоски.
Компјутерите се со најсовремени преформанси и ќе можат да ги користат сите ученици во кабинетот по физика во СОУ Ристе Ристески Ричко.
„Во училиштето имаме кабинетска настава, што значи дека за сите ученици во кои што изучуваат физика во ова училиште ќе работат на овие компјутери. Се надевам дека колегите, бидејќи се помлади ќе се иновативни и ќе ги користат сите софтвери кои што ги имаат на располагање овие компјутери,“ рече Цветанка Ѓорѓиоска, директор на СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп.

