28.2 C
Прилеп
петок, 17 јули, 2026
Пела Радио

Baby Boom во Прилепската болница – 7 новороденчиња за 10 часа

Bebinja

Кога ќе се чуе плач на новороденче радоста е неизмерна, особено во период кога наталитетот се намалува.

За град кој има пад на наталитетот и кој прави напори преку субвенционирање за секој новородено дете,  да ги поттикне младите за зголемувањето на членовите на  семејството за поголема  бројноста на населението, оваа вест ја окарактеризира како „бум бејби“.

Имено, за само два дена, на свет во Прилеп пристигнаа 12 бебиња, од кои дури седум во последните десет часа, носејќи радост во многу семејства и надеж за иднината на градот.

Одделението за гинекологија и акушерство во прилепската болница, истакна дека оваа вест е го разубави  нивното одделение.

“Овој прекрасен бран на нов живот е најубавата потврда за посветената работа на тимовите од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението за неонатологија, кои со љубов, грижа и професионалност се грижат за мајките и нивните најмали.” велат од болницата  “Борка Талески” – Прилеп.

Општината денеска на сите семејства им честита за најголемата радост, а на најмали сограѓани им посакува здраво, среќно и безгрижно детство .

Би можело да ве интересира

Малолетник тешко се повредил управувајќи мопед

(ВИДЕО)Општина Прилеп највисоко рангирана за гранд средства од УНДП- проекти за здрава средина

100-тина Прилепчани пријавени за фаќање на Светиот крст

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе