19.3 C
Прилеп
петок, 24 јули, 2026
Пела Радио

Возел трактор по дејство на алкохол, излетал од патот и се превртил

Тракторист од с. Крушенаи, на возраст од 54 години, возејќи трактор изгубил контрола и излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди. Полицијата констатирала дека трактористот возел под  дејство на алкохол, информираат од СВР Битола, преку следната инфомрација

„На 23.07.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. „

Би можело да ве интересира

Близу 700 казни за непоседување на возачка, најмногу во Пелагонија

“Бајачка” од Прилеп кривично ќе се гони за измама – земала злато и пари за да помогне за здравје

Прилепчанец и прилепчанка фатени со дрога

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе