8.7 C
Прилеп
петок, 8 ноември, 2024
Пела Радио

Сугарески: Дополнителни 50 мил.евра на располагање на општините за наредната година

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на работна средба со градоначалникот Илија Јованоски на која се анализираа инфраструктурните проекти, подготовката на новите кои што ќе бидат доставени во ресорните министерства. При тоа, беше извршен увид на градежните работи во населбата „Димо Наредникот“ во Прилеп, за реконструкција на една од главните сообраќајници, улицата „Александар Македонски“, каде што утре почнува асфалтирањето, како и на улицата „Кеј 4-ти Јули“.
-Општината заедно со Министерството за транспорт и врски, изготви проект за патот до вештачкото езеро. Градежните активности се во тек, а ќе финишираат следната година. Освен тоа до Министерството се испратени и проекти за реконструкција на патиштата кон: Битола, Крушево и Македонски Брод, истакна градоначалникот Јованоски. Финансиски поволности од кредитната линија на Европската кредитна банка, кои што ќе бидат на располагање за инфраструктурни проекти на Општина Прилеп, но и сите други општини во државата, најави министерот Сугарески.
-Проектите на коишто во моментов работи Општина Прилеп, следната година ќе бидат засилени со новите кредитни линии што Министерството за транспорт и врски ќе ги добие од Европската кредитна банка, во делот на водоводи и канализации од 50 милиони евра. И информацијата која што е помината на Влада, а се однесува на изградба на локални патишта од 70 милиони евра и на тој начин во голема мера, покрај основните буџети што ги имаат општините и државата ќе може да помогне во изградбата на тие патишта“, рече министерот Сугарески.
Тој посочи дека Министерството за транспорт и врски со Општина Прилеп, паралелно работи на проект во Големо Коњари.
„Преку Декадата на Ромите беа оддвоени средства за ромската населба „Тризла 2“. Овде очекувањата се дека локалната самоуправа ќе има сериозни активности и во овој период ќе имаме дополнителни активности и во населените места“, рече Сугарески.
Министерот апелираше до сите градоначалници, да се носат проекти не само во Министерството за транспорт и врски, туку и во Министерството за локална самоуправа во делот на Дирекцијата за рурален развој, којашто работи на ИПАРД проекти.

Би можело да ве интересира

Донација на Пријателство

Гордана Цветаноска

Гореше сува трева кај с.Бела Црква

Елизабета Филипоска

Енергетски ефикасното осветлување на Крушево му обезбеди големи заштеди

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе