11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кога гробот на Тоше ќе се уреди?! – Крушевчани со рози за маратонците кои тречаа во чест на Тоше

Маратонците, кои секоја година трчаат од Нова Градишка (Хрватска), каде  македонската музичка икона Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа ,  до Крушево,  во негова чест, попладнево  пристигнаа (16-ти октомври) во родното место на Тоше , за да се поклонат на гробот на човекот кој го сакаа сите генерации, поради неговиот музички ангелски глас, хуманост и човечност.

Оваа година ЛС на Општина Крушево, институциите, приватниот сектор, ученици од СОУ „Наум Наумоски Борче“ и ООУ „Никола Карев„, на повеќе локации организраа пречек на маратонците со црвени рози, по патеките, (улиците) каде се движеа маратонците , до гробот на Тоше,  како симболна на паметење на деншниот ден, за незаборав на  музчката икона, Тоше Проески, која загина само на  26 годишна возраст во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб..  Целта е, на ваков начин да се одбележи неговот дело и лик, „а розите да останат на улиците на Крушево, како спомен за неговата младост„ – велат организаторите

Но, маратонците и фановите и оваа година пристигнаа и се поклонија на гробот на Тоше , кој  се распаѓа!

Министерот за култура,  минатата година  донесе одлука да обезбеди пари за реконструкција за Офицерскиот дом во Битола, како и за уредување на гробот на Тоше Проески. Од Општина Крушево, советникот за односи со јавност, Сотир Габелоски, за Радио Пела потврди дека средствата за уредување на вечното почвалиште на македонската музичка ѕведа, Тоше Проески,  се пристигнати и се прави техничката докумнтација, па во најскоро време ќе започне уредувањето на гробот кое годишно го посетуваат над илијадници фанови и  обожаватели на Тоше

„Административните процедури беа кочница за како локална самоуправа да почнеме нешто сериозно со уредувањето.  Веќе ги добивме средствата од Министерството за култура, односно од Владата на Р.Македонија , за изградба на вечното почивалиште на Тоше и се работи на основниот проект.  Во најскоро можен рок ќе започнеме да работиме на терен, да работиме и на изградбата на неговот вечното почивалиште, бидјеќи барем толку малку можеме да направиме за нашиот Тоше, за се она што го правеше тој за нашиот град, за нашата држава. “- изјави Габелоски

Инаку, 11-та години ,гробот на Тоше Проески се распаѓа . Легендарниот пејач и понатаму почива во гробницата на која нема надгробна плоча, која е замотана во најлон, поставена на вештачко ридче,земјата на гробот, постојано тоне, пластиката се крши на сите страни,  Тоше и понатаму почива во имровизирана гробница покриена со теписон од вештачка трева во која е забоден дрвен крст со неговото име, датумот на раѓање и смрт.Гробницата е поплочена со бекатон плочи, кои пропѓаат и тонат, а имровизираната метална конструкција е покриена со пластика и најлон.

Собранието на Македонија во 2008 година, донесе одлука за изградба на меморијален споменик на Тоше Проески, кој постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилеп, попладне 16,10 часот- редица без ред

Елизабета Филипоска

За неколку дена ќе се полни Вештачкото езеро

Гордана Цветаноска

Илинден во чест на Свети Илија – пророк кој го пали и гаси небото

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе