30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Депониите како проблем во туризмот на Прилеп и околината

Здружението Илустра известува дека работи на стратегија за трајно решавање (елиминирање) на дивите депонии на туристичките локалитети околу Прилеп. Здружението Илустра активно истражува за причините и последиците на многу депонии и разни други форми на отпад во Прилеп, особено околу атракции кои што имаат туристички потенцијал. Истата оваа стратегија ќе може да се применува и во другите општини, а особено значајно за нас е ако биде применета во другите општини во Пелагонија.

Голема благодарност до Европската Унија заради залагања во областа на екологијата, како и до Здруженијата АЛКА, Фондација за развој на локалната заедница и Институтот за развој на заедницата за нивната помош при организација на еден ваков потфат.

Би можело да ве интересира

Кај Оревоец: Багерите мируваат – Блокадите продолжуваат

Сопствена микро клима создава австралиската огнена катастрофа

Пакомак и Шпаркасе Банка донираа детско игралиште за Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе